• недела, 22 декември 2024

Саливан: Треба да се усогласат многу детали за постигнување договор за прекин на огнот во Газа

Саливан: Треба да се усогласат многу детали за постигнување договор за прекин на огнот во Газа

Вашингтон, 11 јули 2024 (МИА) - Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан денеска изјави дека треба да се усогласат голем број детали за да се обезбеди договор меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците.

Саливан оцени дека тоа не значи дека постигнувањето договор е многу далеку, бидејќи, како што наведе, најважно е сите страни да пристапат кон преговорите со добра волја за постигнување договор.

Саливан изјави за новинарите дека нема промена во одлуката на САД да ја прекине испораката на бомби од околу 900 килограми во Израел. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан