• вторник, 23 јули 2024

Салернитана е во преговори со Филипо Инзаги за назначувањето за главен тренер

Салернитана е во преговори со Филипо Инзаги за назначувањето за главен тренер

Салерно, 10 октомври 2023 (МИА) - Претставниците на Салернитана имале успешни преговори со Филипо Инзаги за негово можно назначување за нов селектор.

Според „Football Italia“, преговорите се одвивале откако се дознало дека клубот е подготвен да се раздели со сегашниот тренер Пауло Соуса. Се верува дека тренерот би можел да добие отказ за време на претстојната репрезентативната пауза.

Доколку замине Соуса, Инзаги, кој ја водеше Реџина до летото 2023 година, е јасен фаворит за пополнување на испразнетото место.

Соуса е еден од само тројцата менаџери во Серија А без победа досега во сезоната 2023/24. зс/

Фото:ЕПА

Остани поврзан