• понеделник, 23 декември 2024

Саем и лидерски самит на Отворен Балкан во Белград: Јакнење на соработката во областа на храната, културата и цивилната заштита

Саем и лидерски самит на Отворен Балкан во Белград: Јакнење на соработката во областа на храната, културата и цивилната заштита
Скопје, 31 август 2022 (МИА) - Три документи - за соработка во областа на храната, кинематографијата и цивилната заштита, ќе бидат потпишани на претстојниот лидерски самит во Белград кој, како политички дел, ќе се одржи во рамки на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“. На самитот ќе учествуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски и албанскиот премиер Еди Рама. Како што соопшти денеска владиниот портпарол Душко Арсовски, за сите три документи на вчерашната владина седница беа усвоени извештаи за завршени преговори и утврдени беа текстови кои ќе бидат финиширани за време на посетата на македонската делегација во Белград. - Под покровителство на владите на Србија, Северна, Македонија и Албанија од утре до 4 септември во Белград ќе се одржува Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винската Визија на Отворен Балкан“ организиран во рамки на Иницијативата Отворен Балкан. Предвиден е и политички дел, преку одржување самит на лидерите од трите држави на Отворен Балкан, како и панел дискусии. Ќе биде потпишан договорот за соработка во областа на механизмите за обезбеденост со храна во Западен Балкан, од областа на култура ќе биде потпишан меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудовизуелните дејности, како и оператиен план во областа на цивилната заштита, рече Арсовски. Северна Македонија на Саемот ќе биде претставена со 42 винарии, три дестилерии и десетина производители на храна со понуда за дегустација на нашата домашна автентична кујна. Ќе се организира и Македонска вечер, чиј домаќин ќе биде премиерот Димитар Ковачевски, на која ќе се презентира македонската економија преку вината, храната, музиката и туризмот. -Учеството на овој саем за нашата економија значи обезбеудвање поголем извоз, откуп и нови пазари за македоските храна и вина, промоција на туристичките капацитети и привлекување нови гости од регионот и пошироко, истакна Арсовски на прес-конференција. мч/са/    https://www.youtube.com/watch?v=kgtqsG2cpyg  

Тагови

Остани поврзан