• понеделник, 23 декември 2024

САД ја предупредија Северна Кореја: Нуклеарен напад врз Јужна Кореја е неприфатлив

САД ја предупредија Северна Кореја: Нуклеарен напад врз Јужна Кореја е неприфатлив

Вашингтон, 16 декември 2023 (МИА) - САД ја предупредија Северна Кореја дека секој евентуален нуклеарен напад врз земјата или нејзините сојузници би бил неприфатлив и би резултирал со крај на режимот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

„Американската страна повторува дека секој нуклеарен напад на Северна Кореја против Јужна Кореја ќе биде дочекан со брз, силен и решителен одговор“, се наведува во денешното заедничко американско-јужнокорејско соопштение.

Втората консултативна група меѓу САД и Јужна Кореја за зајакнување на контролата врз нуклеарните активности беше одржана вчера во Вашингтон, јавуваат британските медиуми.

Јужна Кореја и САД се согласија до средината на следната година да ги завршат нацрт-насоките за заедничка нуклеарна стратегија, изјави претходно денеска по разговорите во Вашингтон првиот заменик советник за национална безбедност на Јужна Кореја, Ким Тае-Хјо.

фото:МИА архива

Остани поврзан