• вторник, 17 декември 2024

САД со нови санкции за безбедносните сили на Мјанмар

САД со нови санкции за безбедносните сили на Мјанмар
Вашингтон, 22 март 2021 (МИА) - Американските власти денеска соопштија дека воведуваат санкции против двајца службеници на безбедносните сили на Мјанмар и две воени дивизии како одговор на насилното сузбивање на протестите. - Смртоносното насилство на безбедносните сили на Мјанмар против мирните демонстранти мора да заврши, соопштија американските власти. Санкциите беа воведени против началникот на полицијата Тан Хлаинг и воениот службеник Аунг Со за учество во „кампањата на насилство и заплашување спроведена од армијата на Мјанмар против мирните демонстранти и граѓанското општество“. Американските власти соопштија дека војниците под команда на Аунг Соу биле опремени со „оружје наменето за бојното поле, а не за полициска акција, што докажува дека смртоносната сила против демонстрантите се користи на планиран, однапред смислен и координиран начин“. Две дивизии на армијата се обвинети за учество во „убиството на демонстранти“. Според Здружението за помош на политички затвореници (ААПП), повеќе од 2.600 лица се уапсени и околу 250 убиени во протестите од 1 февруари. Протестите почнаа откако армијата ја презеде власта во Мјанмар. ми/

Остани поврзан