• понеделник, 23 декември 2024

САД се во состојба на зголемена готовност поради можни напади од Иран на Блискиот исток

САД се во состојба на зголемена готовност поради можни напади од Иран на Блискиот исток

Вашингтон, 6 април 2024 (МИА) - САД се наоѓаат во состојба на зголемена готовност поради можен напад од Иран на израелски или американски објекти во регионот како одговор на нападот на Израел на иранската амбасада во Сирија, соопшти синоќа извор во Белата куќа.

-Точно е тоа дека се наоѓаме во состојба на зголемена готовност, изјави извор кој потврди претходно соопштение од Си-Ен-Ен дека нападот може да се случи во текот на идната недела.

Во бомбардирањето на иранската амбасада во Дамаск загина високопозициониран командант на силите „Кудс“ и неколку ирански воени советници.

Иран претходно соопшти дека си зема за право на „решителен одговор“ на бомбардирањето на Израел на иранската амбасада во Дамаск. кб/паг/

Остани поврзан