• понеделник, 23 декември 2024

САД распишаа награда од три милиони долари за апсење на пропагандистот на ИД

САД распишаа награда од три милиони долари за апсење на пропагандистот на ИД
  Вашингтон, 28 мај 2020 (МИА) Американскиот Стејт департмент распиша награда од три милиони долари за информација која ќе доведе до апсење на Мухамад Хадор Муса Рамадан, или познат како Абу Бакр ал-Гариброден во Јордан. Тој е еден од лидерите на терористичката организација „Исламска држава“ и нејзин главен пропагандист, се вели во потерницата. Како што се истакнува, Мухамад Рамадан раководи со медиумските операции на ИД и игра „клучна улога во пропагандните активности на ИД за радикализација, врбување и подбуцнување на одредени лица низ целиот свет“. -Тој раководи со планирање, координација и производство на многубројни пропагандни видеo сoдржини, објави и онлајн платформи каде со брутални и сурови сцени на измачување и масовни егезекуција на невини цивили“, се вели во соопштението на Стејт департментот. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан