• понеделник, 08 јули 2024

САД претставија меѓународен план за нуклеарна фузија на КОП28

САД претставија меѓународен план за нуклеарна фузија на КОП28

Дубаи, 5 декември 2023 (МИА) - Американскиот специјален претставник за климата Џон Кери денеска го претстави меѓународен план за нуклеарна фузија, нагласувајќи дека технологијата без штетни гасови може да биде критичен елемент за енергетската иднина на светот.

Кери рече дека планот вклучува 35 земји и се фокусира на истражување и развој, прашања со синџирот на снабдување и регулатива.

-Во фузијата постои потенцијал суштински да се промени нашиот свет, рече Кери на климатскиот самит на ОН, КOП28 во Дубаи.

Технологијата на фузија се уште е во развој, но може да има предност во однос на денешните централи со нуклеарна фисија, бидејќи не создава радиоактивен отпад.

Велика Британија и САД на 8 ноември потпишаа договор за соработка во развојот на фузијата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан