• понеделник, 23 декември 2024

САД официјално се повлекоа од Парискиот договор за борба против климатските промени

САД официјално се повлекоа од Парискиот договор за борба против климатските промени
Вашингтон, 4 ноември 2020 (МИА) - САД денеска и официјално се повлекоа од Парискиот договор за бороба против климатските промени, точно една година откако администрацијата на претседателот Доналд Трам ги извести Обединети нации за тоа. САД, најголемата светска економија и втора земја, по Кина, по емисиите на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина, е прва држава која се повлекува од Парискиот договор, што беше потпишан во 2015 година од речиси сите земји. Таквиот потег ја доведува администрацијата на Трамп во судир со сите сојузници и главните опоненти за прашањето на климатските промени. Трамп ги повлече и сите еколошки прописи, истакнувајќи оти тие го кочат бизнисот и овозможуваат предност на другите држави. Тој повеќе пати ги оспоруваше научните факти за климатските промени. Трамп првпат најави повлекување од Парискиот договор на САД во 2017 година. ми/

Остани поврзан