• четврток, 18 јули 2024

САД информираат за втор воен заем за Полска во вредност од две милијарди долари

САД информираат за втор воен заем за Полска во вредност од две милијарди долари

Вашингтон, 9 јули 2024 (МИА) - САД информираат за втора спогодба со Полска за директен заем за странско воено финансирање во вредност од два милијарди долари, како дел од голема програма за модернизација на вооружените сили на европската земја, што ќе вклучува купување на американска одбранбена опрема, соопшти Стејт департментот.

Полска ќе купи авиони Ф-35, ракетни системи „Патриот“ и тенкови „Абрамс“, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Првата спогодба во вредност од два милијарди долари беше потпишана во септември 2023 година. ссм/

фото: архива

Остани поврзан