• недела, 22 декември 2024

САД изразија надеж за нормализација на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија и покрај војната во Газа

САД изразија надеж за нормализација на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија и покрај војната во Газа

Вашингтон, 7 декември 2023 (МИА)  Целта на САД е нормализација на односите меѓу Саудиска Арабија и Израел и покрај војната во Газа, изјави денеска Амос Хохштејн, советник во Белата куќа задолжен за енергетика и инвестиции. 

На настан организиран од Атлантскиот совет, Хохштејн изјави дека алтернатива на регионалната интеграција можат да бидат само конфликти слични на војната меѓу Хамас и Израел. 

-Сметам дека не сите патишта се прави и понекогаш треба да фатиме и заобиколни патеки. Но целта останува иста. Ние и понатаму сме приврзани на таа цел – регионална интерација, и не станува збор само за Саудиска Арабија и Израел, таа треба да биде многу поширока, изави тој. 

После 7 октомври и терористичкиот напад на Хамас на Израел, Саудиска Арабија ги напушти сите планови предложени од САД за нормализација на односите со Израел. Пред тоа и двете земји говореа дека уверено чекорат кон склучување договор. 

-Не сметам дека го менуваме правецот, не сметам дека тој конфликт треба да влијае на тоа. Во реалноста, тој конфликт треба уште еднаш да нѐ потсети на тоа дека ако не одиме по патот на регионална интеграција, мир и безбедност, тогаш останува само таква алтернатива, рече Хохштејн. кб/

Остани поврзан