• сабота, 23 ноември 2024

САД запленија милиони долари од налози што ги користеле екстремистите

САД запленија милиони долари од налози што ги користеле екстремистите
Вашингтон, 13 август 2020 (МИА) - Министерството за правда на САД соопшти дека се запленети милиони долари од криптовалутните налози во странство што екстремистичките организации, помеѓу кои и Ал Каеда и Исламска држава ги користеле за финансирање на насилни операции. Екстремистичките групи ги користеле налозите за донации, а некои од нив и мамеле дека продаваат заштитна опрема за Ковид-19. Тоа е најголема операција за заплена на средства во облик на дигитална валута поврзана со тероризмот. Криптовалутите, како биткоинот, често се користат за недозволени трансакции бидејќи се верува дека потешко им се влегува во трага. ми/

Остани поврзан