• недела, 22 декември 2024

САД го укинуваат задолжителниот ковид-тест за патниците во авионите

САД го укинуваат задолжителниот ковид-тест за патниците во авионите
Вашингтон, 10 јуни 2022 (МИА) – САД го укинуваат задолжителното тестирање за Ковид-19 за патниците кои доаѓаат во земјата со авион, соопшти денеска Белата куќа. Соочени со појавата на варијантата омикрон, американските здравствени власти ги заострија процедурите за тестирање за влез во САД во декември 2021 година. Сите патници на возраст над две години мораа да приложат негативен тест за ковид направен помалку од еден ден пред полетувањето, без разлика дали се вакцинирани или не. Наредбата за задолжително тестирање за Ковид истекува во недела во 12.01 часот по Гринич (18.01 по средноевропско време), бидејќи Центрите за контрола и превенција на болести утврдиле дека тестовите повеќе не се неопходни. Американската агенција повторно ќе ја проценува потребата од тестови на секои 90 дена и може повторно да се воведе доколку се појави загрижувачки вид на вирусот. јт/

Остани поврзан