• недела, 22 декември 2024

САД го притискаат Израел да стори повеќе за заштита на цивилите во Газа

САД го притискаат Израел да стори повеќе за заштита на цивилите во Газа

Вашингтон, 7 декември 2023 (МИА) -  Американскиот државен секретар Антони Блинкен го повика Израел да стори повеќе за да дозволи хуманитарна помош во Појасот Газа и да ги заштити цивилите на палестинската територија. Тоа го нагласи во разговор со израелскиот министер за надворешни работи Рон Дермер, изјави американски официјален претставник.

Блинкен го поздрави одобрувањето на Израел за „минимално“ зголемување на снабдувањето со гориво во Газа, но побара од Дермер да се направи повеќе, изјави висок претставник на Стејт департментот за американски медиуми под услов да остане анонимен.

САД му ја понудија на Израел својата непоколеблива поддршка и го поддржаа неговото право на самоодбрана по смртоносниот напад на Хамас на 7 октомври.

Но, администрацијата на претседателот Џо Бајден се повеќе и повеќе јавно се загрижува за бројот на цивилни жртви во Газа и влошената хуманитарна ситуација. зш/

Остани поврзан