• петок, 22 ноември 2024

САД ги осудија севернокорејските полети на балистички ракети

САД ги осудија севернокорејските полети на балистички ракети

Вашингтон, 23 април 2024 (МИА) - САД ја осудуваат серијата полети на балистички ракети од страна на Северна Кореја како нарушување на многубројните резолуции на Советот за безбедност на ОН, изјави Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.

Тој истакна дека провокациите на Пјонгјанг ќе бидат осудени во текот на посетата на државниот секретар Ентони Блинкен на Пекинг од среда до петок.

- Зборуваме за неодамнешното лансирање балистички ракети од страна на КНДР. Тој и сите останати полети на балистички ракети од изминатите години ги нарушуваат многубројните резолуции на Советот за безбедност на ОН, изјави Милер на брифинг.

Тој додаде дека тие „претставуваат закана за регионалниот и меѓународниот мир и безбедноста, и очигледно тоа прашање ќе биде на дневен ред кога државниот секретар ќе отпатува за Пекинг“.

На брифингот во пресрет на посетатат на Блинкен на Кина, висок службеник на Стејт департментот изјави дека шефот на американската дипломатија ќе ја разгледа „заканувачката“ реторика и „несовесните“ дејства на Северна Кореја со високи кинески службеници. кб/паг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан