САД: Врховниот суд ја поништи смртната казна на осуденик од Оклахома
- Врховниот суд на САД денеска ја поништи смртната казна на Ричард Глосип, осуденик од Оклахома, со образложение дека пресудата ги прекршила неговите уставни права.

Вашингтон, 25 февруари 2025 (МИА) - Врховниот суд на САД денеска ја поништи смртната казна на Ричард Глосип, осуденик од Оклахома, со образложение дека пресудата ги прекршила неговите уставни права.
Глосип, кој беше осуден на смрт во 1997 година за убиството на неговиот поранешен работодавач Бери Ван Трис, повеќепати избегна егзекуција. Иако роднините на жртвата бараа извршување на казната, Врховниот суд пресуди дека постапката против него не била правично спроведена.
Вториот осуден за истото убиство, Џастин Снид, призна дека го ограбил и убил Ван Трис со безбол палка, но сведочеше дека го сторил тоа по налог на Глосип, кој му ветил 10.000 долари. Снид доби доживотна затворска казна во замена за сведочењето, кое беше клучен доказ во случајот. ссм/
фото: архива