• понеделник, 23 декември 2024

САД водат тајни посреднички војни во 12 земји

САД водат тајни посреднички војни во 12 земји
6 јули 2022 The Intercept Американската веб страница The Intercept објави дека ексклузивни документи и интервјуа со воени и цивилни официјални лица откриле оти мали тимови на американски сили за специјални операции, тајно се ангажирани во посреднички војни во многу земји во Африка, Блискиот Исток и во азиско-пацифичкиот регион. The Intercept и други медиуми претходно известуваа за тоа, како американското Министерство за одбрана (Пентагон) користи тајна програма под име „127е“, се појаснува во извештајот. За првпат се дошло до нови документи, согласно со Законот за слобода на пристап до информации, што ја нудат првата официјална потврда за околу 12 земји вклучени во програмата „127е“ во целиот свет, но и дека американските командоси извеле најмалку 23 операции во периодот меѓу 2017 и 2020 година, како дел од програмата. Бројни арапски земји Порталот наведува дека пензионираниот генерал Џозеф Вотел, кој беше на чело на Командата за специјални операции и Централната команда, потврдил за спроведување антитерористички операции како дел од програмата „127е“, што досега не биле откриени, во Египет, Либан, Сирија и во Јемен. Поранешно високорангирано лице од Министерството за одбрана, кое сакаше да остане анонимно затоа што зборуваше за доверлива програма, потврди дека претходна верзија на програмата „127е“ се спроведувала во Ирак и во Тунис. Документите го фокусираат вниманието на главните карактеристики на програмата, како што е користење овластувања да се овозможи пристап до подрачја во светот, инаку недостапни дури и за најелитните американски војници. Порталот наведува дека документите и интервјуата даваат досега најдетална слика на нејасно тело надлежно за финансирање, што на американските командоси им овозможува спроведување антитерористички операции преку странски и нерегуларни партнерски сили во светот. Држење на програмата во тајност The Intercept додава дека основните информации за тие мисии, како местата каде се спроведуваат, нивните фреквенција и цели, како и странските сили на кои американските се потпираат во нивното извршување, не се познати дури ни на мнозинството членови на релевантни конгресни одбори и клучниот персонал на Стејт департментот. Вашингтон, согласно со програмата, може да вооружи, обучи и да обезбеди разузнавачки информации за странски сили. Но, за разлика од традиционалните странски програми за помош, првенствено насочени кон изградба на домашни капацитети, во оваа програма американските партнери се праќаат во мисии насочени „против американските непријатели“ за да се постигнат американските цели. Пензионирани генерални, кои добро ја познаваат програмата „127е“, тврдат дека таа е исклучително ефикасна во таргетирање на милитантните групи, додека истовремено ги намалува ризиците за американските сили. Но, експерти тврдат дека употребата на тела чија надлежност не е позната, предизвикува сериозна загриженост кога станува збор за одговорноста и надзорот, па потенцијално се крши Уставот на САД. Порталот истакнува дека овластувањата на оваа програма, првпат биле изложени на големо внимание, откако милитанти на организацијата Исламска држава (ИД) убија четворица американски војници во заседа во Нигер во 2017 година, а многу високорангирани сенатори тврдеа дека малку знаат за тамошните американски операции. Лоши партнери The Intercept наведува дека во своите извештаи претходно објавувани, документирани се напорите на оваа програма во неколку африкански земји, вклучувајќи го партнерството со озлогласената единица на камерунската војска, што траеше долго откако нејзините членови беа поврзани со масовни злосторства. Во извештајот се наведува дека генералот Ричард Д. Кларк, сегашниот командант на специјалните операции, сведочеше пред Конгресот во 2019 година оти програмата „127е“ директно доведе до апсења или убиства на илјадници „терористи“, прекини на „терористички“ мрежи и активности, спречување „терористи“ да имаат широк опсег на активности со финансиски трошок, што е само мал дел од тоа колку чинат други програми. Партнерство со египетската и либанската војска The Intercept појаснува дека некои документи, добиени согласно со Законот за слободен пристап до информации, биле толку преработени, што било тешко да се идентификуваат земјите каде што била спроведена програмата и силите со кои САД соработувале. Меѓутоа, се покажало постоење на досега непознато партнерство со G2 Strike Force, елитна специјална единица на либанските сили, што спроведуваат активности со американските против ИД и Ал Каеда во Либан. Исто така, документите покажуваат дека американските сили соработувале со египетската војска за да ги таргетираат милитантите на ИД на Синајскиот Полуостров, но, оти американските сили не ги придружувале своите египетски партнери во борбите, како што е вообичаено во други африкански земји. Порталот наведува дека САД имаат долга историја на помагање на египетската и либанската војска, но и дека користењето на египетските и либанските сили како посредници во американските антитерористички мисии, претставува важен развој на случувањата во односите меѓу Вашингтон и две арапски земји. Иако Синај е речиси под целосна медиумска блокада, истакнува The Intercept, групите за човекови права документирале масовно кршење на правото за што е одговорна тамошната египетска војска, како „произволни апсења, присилни исчезнувања, мачење, вонсудски убиства и можни незаконски воздушни и копнени напади врз цивили“. бд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан