• сабота, 29 јуни 2024

САД бараат денуклеаризација на Корејскиот Полуостров

САД бараат денуклеаризација на Корејскиот Полуостров

Вашингтон, 25 април 2023 (МИА) - Координаторот за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност при Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека нема знаци за продлабочување на воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја, но дека Корејскиот Полуостров треба да се денуклеаризира.

Тој нагласи дека САД неодамна откриле дека Северна Кореја тајно и доставува муниција на Русија. Кирби додаде дека не забележале други активности.

„Дефинитивно мислиме дека Корејскиот Полуостров треба да се денуклеаризира и да се намалат тензиите. Секоја сила која би ја намалила безбедноста и стабилноста на Корејскиот Полуостров не е во ничиј интерес“, рече Кирби.

Неодамна, тензиите меѓу Северна Кореја и нејзиниот јужен сосед се зголемија по серијата воени вежби што Јужна Кореја ги спроведе со американските сили.

Пјонгјанг одговори со неколку нови тестирања на балистички ракети. ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан