• понеделник, 23 декември 2024

Саат на Џон Ленон вратен кај Јоко Оно по судски спор

Саат на Џон Ленон вратен кај Јоко Оно по судски спор

Женева, 15 ноември 2024 (МИА) - Вдовицата на британскиот поп-рок пејач Џон Ленон - Јоко Оно ја доби правната битка околу часовник којшто некогаш бил во сопственост на нејзиниот убиен сопруг. Судот одлучи дека саатот ѝ припаѓа нејзе, а не на спорниот приватен колекционер.

Швајцарскиот Сојузен врховен суд го отфрли барањето на колекционерот кој го купил часовникот на аукција.

Јапонката на својот сопруг му подарила часовник „Патек Филипе“ (Patek Philippe) - вреден четири милиони швајцарски франци, во 1980 година, за 40-от роденден на Ленон, а само два месеци пред неговото убиство во Њујорк, САД. На часовникот има изгравирано стих од песна што Јоко Оно и Џон Ленон заедно ја компонирале.

Неколку десетлетија подоцна, часовникот се појави на наддавање во Германија. Таму го купил колекционер, но кога се обидел да го процени во Женева, Швајцарија, Јоко Оно дознава за тоа...

Колекционерот сакал да го задржи часовникот за којшто платил. Сепак, Судот пресуди против него. Во пресудата се наведува дека возач, кој работел за Јоко Оно, всушност го украл часовникот. Судбината на возачот по кражбата не е дел од судската постапка во Швајцарија.  си/

Фото: „Патек Филипе“, МИА архива

Остани поврзан