• петок, 22 ноември 2024

Сè уште трае спасувачката акција во Анталија

Сè уште трае спасувачката акција во Анталија

Анкара, 13 април 2024 (МИА) – Уште 29 патници на жичарница се уште висат во кабина во јужна Турција откако вчера се урна столб, соопштија локалните власти.

Во несреќата што се случи во петокот во 17 часот и 30 минути во приморското одморалиште Анталија, едно лице загина, а десет се повредени, соопшти турското Министерство за здравство.

Несреќата се случи кога една кабина од жичарницата удри во столб и се урна. Синоќа се евакуирани 137 патници од 19 кабини, а уште 29 луѓе чекаат да бидат спасени. Во спасувачката операција учествуваат осум хеликоптери и повеќе од 600 спасувачи.

Сè уште се истражуваат причините за несреќата. ми/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан