• понеделник, 23 декември 2024

Р. Кели осуден за снимање и поседување детска порнографија

Р. Кели осуден за снимање и поседување детска порнографија

Чиикаго, 15 септември 2022 (МИА) - Федералната порота во Чикаго вчера го прогласи ар-ен-би пејачот Р. Кели за виновен по три точки од обвинението за детска порнографија, затоа што се снимал себеси како сексуално ја злоупотребува својата тогаш 14-годишна кумашинка.

Од 13-те точки во обвинението, Кели е виновен и за три точки за трговија со деца преку принуда и намамување. Тој беше ослободен од обвиненијата за заговор за попречување на правдата во неговиот случај во Округот Кук во 2002 година. Дополнително, тој е ослободен по две точки од обвинението за примање детска порнографија и едно обвинение за заговор за примање детска порнографија. Пресудата следи по сведочењето на кумашинката на Р. Кели, лажно именувана како „Џејн“. И три други жени сведочеа дека пејачот снимал, чувал и поседувал снимки на кои сексуално ги злоставувал кога тие биле малолетни. Во постапката имаше и двајца други обвинети - поранешните негови соработници Милтон „Џун“ Браун и Дерел Мекдејвид. Тие беа ослободени од сите обвиненија. Во завршните зборови, адвокатката на Р. Кели, Џенифер Бонџан тврдеше дека родителите на „Џејн“ се виновни затоа што лажеле за нејзината врска со пејачот и дека тоа не било принуда, туку „тие го одобриле тоа“. „Џејн“ се приклучи на истрагата во 2019 година, по прикажувањето на документарната серија „Преживувањето по Р. Кели“. Во судскиот процес, жената сведочеше дека таа е на видеоснимките и дека Р. Кели сексуално ја злоставувал повеќепати кога била малолетна. Р. Кели беше осуден на 30 години затвор во јуни, откако поротата го прогласи за виновен за сексуална експлоатација на деца, киднапирање и принудна работа.  си/сд/

Остани поврзан