• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Рјабков: Брзиот прекин на огнот во Украина без долгорочно решение е неприфатлив за Русија

Рјабков: Брзиот прекин на огнот во Украина без долгорочно решение е неприфатлив за Русија

Москва, 24 февруари 2025 (МИА) - Русија ги препознава напорите на САД за придвижување кон брз прекин на огнот во Украина, но тоа е неприфатливо за Москва и се заканува со сериозни последици за односите меѓу двете земји, ја пренесоа утринава руските медиуми изјавата на рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Рбјаков денеска изјави дека може да ја препознае желбата на американската страна да се придвижи кон брз прекин на огнот.

-Но, прекинот на огнот без долгорочно решение е начин за брзо продолжување на борбите и продолжување на конфликтот со уште посериозни последици, вклучително и последици за руско-американските односи. Ние не го сакаме тоа, рече тој. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан