• петок, 22 ноември 2024

Руте потврди дека Северна Кореја испратила војници во Русија за да се борат против Украина

Руте потврди дека Северна Кореја испратила војници во Русија за да се борат против Украина

Брисел, 28 октомври 2024 (МИА) - Можам да потврдам дека севернокорејски војници се испратени во Русија, а некои од нив се стационирани во регионот Курск, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Марк Руте по заедничкиот состанок на Северноатлантскиот совет и претставниците на министерствата за разузнавање и одбрана на Јужна Кореја во седиштето на алијансата во Брисел.

Руте ги опиша овие акции како „значајна ескалација“ на војната во Украина и во име на НАТО повика тие веднаш да бидат прекинати.

Според него, продлабочувањето на врските меѓу Москва и Пјонгјанг е безбедносна закана.

-Пјонгјанг испорача милиони парчиња муниција на руската страна и поддржува конфликт во срцето на Европа, а со тоа го загрозува светскиот мир, истакна Руте.

Според него, испраќањето севернокорејски војници во Курск го покажува „растечкиот очај“ на рускиот претседател Владимир Путин. Околу 600.000 руски војници се ранети или убиени од почетокот на инвазијата на Украина, Русија не може да ја продолжи војната без надворешна поддршка, резимира Руте.сд/

Остани поврзан