• петок, 22 ноември 2024

Русковска за МИА: Спогодбата на Обвинителството со Мијалков за случајот „Империја“ е во тек

Русковска за МИА: Спогодбата на Обвинителството со Мијалков за случајот „Империја“ е во тек
Скопје, 8 јули 2022 (МИА) - Спогодбата за осомничениот во случајот „Империја“, Сашо Мијалков, е во тек. Детали во врска со истата, Обвинителството ќе објави наскоро, потврди за МИА, шефицата на на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Случајот „Империја“ се води против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски. Тие се гонат поради основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело. ар/бак/

Остани поврзан