• сабота, 13 јули 2024

Руски хакер: Украина остана без затворени комуникации еден ден

Руски хакер:  Украина остана без затворени комуникации еден ден
Москва, 2 јуни 2022 (МИА) - Поради кибер нападот во март, украинските власти ги загубија затворените комуникации и можноста за користење на интернетот 24 часа, изјави денеска хакер од руската група РаХДлт. „На почетокот на март оневозможивме повеќе од 700 веб страници на украинските државни органи, практично целиот владин интернет. Ги исклучивме и тие не можеа да се борат против нас. Така, за еден ден, сите државни органи и сите сервери беа исклучени, рече тој. Според него, хакерите ги исклучиле и сите сервери за електронска пошта. „Тоа подразбира губење на контрола, губење на врската, немаше затворени канали за комуникација, пренос на информации во текот на 24 часа и тоа беше силен удар за нив“, изјави неименуваниот хакер. паг/  

Остани поврзан