• сабота, 23 ноември 2024

Руски суд го продолжи притворот на новинарката на РСЕ Курмашева

Руски суд го продолжи притворот на новинарката на РСЕ Курмашева

Москва, 1 април 2024 (МИА) - Судот во рускиот град Казан денеска и го продолжи притворот на руско-американската новинарка на Радио Слободна Европа, Алса Курмашева.

Притворот и е продолжен до 5 јуни.

Новинарката беше приведена на 18 октомври кога беше обвинета дека не се регистрирала како „странски агент“, што е кривично дело за кое е предвидена максимална затворска казна од пет години.

Претходно, во јуни минатата година, на аеродромот во Казан и беа одземени двата пасоша, што ја спречи да ја напушти Русија.

Радио Слободна Европа смета дека нејзиното затворање е неправедно и политички мотивирано. паг/

Фото: РСЕ

 

 

Остани поврзан