• петок, 05 декември 2025

Руски научници открија „хемиски коктел“ против стареење на мозокот

Руски научници открија „хемиски коктел“ против стареење на мозокот

Москва, 31 август 2025 (МИА) – Руски научници соопштија дека откриле „хемиски коктел“ кој може да ги забави промените поврзани со стареењето на мозокот и да ги подобри функциите на тој орган во староста.

Научници од Националниот истражувачки државен универзитет Лобачевски во Нижни Новгород (ННСУ) користеле пристап заснован на концептот на делумно клеточно репрограмирање, што создало ефект на подмладување без ризици поврзани со целосно клеточно репрограмирање, вклучувајќи го и ризикот од развој на канцер.

Истражувачите користеле „коктел“ од две хемиски соединенија – RepSox и транилципромин (TCP), а експериментот бил спроведен на постари женски глувци. јт/

Фото: Пиксабеј илустрација

Остани поврзан