• петок, 22 ноември 2024

Руските сили презедоа сеопфатен напад врз Азовстал

Руските сили презедоа сеопфатен напад врз Азовстал
Киев, 5 мај 2022 (МИА) - Украински претставници денеска изјавија дека руските сили покренале сеопфатен напад врз челичарницата Азовстал во Мариупол. Тие потврдија дека руските сили по повеќедневните напади навлегле на територијата на челичарницата Азовстал. Командантот на полкот Азов, Денис Прокопенко изјави дека украинските сили веќе втор ден водат „тешки, крвави борби“ во фабриката. Се претпоставува дека во Азовстал има околу 200 цивили, вклучително и деца. ми/

Остани поврзан