• петок, 05 декември 2025

Русија соопшти дека Украина во изминатите 24 часа двапати ги нападнала енергетските капацитети во областа Курск

Русија соопшти дека Украина во изминатите 24 часа двапати ги нападнала енергетските капацитети во областа Курск

Москва, 2 април 2025 (МИА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека украинските сили двапати нападнале енергетски објекти во земјата во изминатите 24 часа и покрај договорот со посредство на САД за запирање на таквите напади.

Воениот оддел посочи дека Украина ги нападнала енергетските капацитети во областа Курск со беспилотни летала и артилерија и дека нападите довеле до прекин на електричната енергија.

Украина и Русија минатиот месец се договорија да ги прекинат нападите врз енергетската инфраструктура во рок од 30 дена, но двете страни продолжуваат да се обвинуваат меѓусебно за прекршување на договорот. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан