Русија ја обвинува Украина дека продолжува со нападите врз руската енергетска инфраструктура
- Украина продолжува да врши напади врз руската енергетска инфраструктура и покрај привремениот договор за запирање на таквите напади постигнат со посредство на САД, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Москва, 6 април 2025 (МИА) - Украина продолжува да врши напади врз руската енергетска инфраструктура и покрај привремениот договор за запирање на таквите напади постигнат со посредство на САД, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Според Министерството, украинските сили во изминатите 24 часа извршиле седум такви напади врз регионите на Крим, Брјанск, Ростов и Воронеж.
Во регионот Воронеж, украински напад оштети гасовод за дистрибуција на гас, соопшти руското Министерство. мс/
фото: МИА архива