• петок, 05 декември 2025

Русија треба да и плати 253 милиони евра отштетата на Грузија, реши Судот за човекови права  

Русија треба да и плати 253 милиони евра отштетата на Грузија, реши Судот за човекови права  

Брисел, 14 октомври 2025 (МИА) - Европскиот суд за човекови права денеска пресуди дека Русија треба да и исплати 253 милиони евра на Грузија, поради попречување на слободното движење на луѓето во грузиските региони Абхазија и Јужна Осетија. 

Русија изврши повеќе прекршоци, вклучително и прекумерна употреба на сила, малтретирање, незаконско притворање и ограничување на секојдневното движење преку административната гранична линија помеѓу територијата под контрола на Грузија и отцепените грузиски региони поддржани од Русија, се наведува во одлуката на Судот. 

По војната меѓу Грузија и Русија во 2008 година, Москва ја призна независноста на грузиските сепаратистички региони Абхазија и Јужна Осетија, кои се под руско влијание. 

Русија се повлече од Европскиот суд за човекови права во 2022 година, но Трибуналот смета дека и покрај ова тој останува надлежен за постапки поврзани со прекршување на човековите права. сп/ми/ 

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан