• понеделник, 23 декември 2024

Русија одбележа 80 години од ослободувањето на Ленинград

Русија одбележа 80 години од ослободувањето на Ленинград

Москва, 27 јануари 2024 (МИА) - Во Санкт Петербург денеска се одбележуваат 80 години од целосното ослободување на градот, кој тогаш се викаше Ленинград, од нацистичката блокада за време на Втората светска војна.

Претседателката на Советот на Руската Федерација Валентина Матвиенко положи венец на споменикот на Татковината на Меморијалните гробишта Пискаревско во Санкт Петербург.

Учесниците на церемонијата им оддадоа почит на жртвите со едноминутно молчење и положија венци и цвеќе.

Меморијалните гробишта Пискаревское се едно од местата на масовните гробници на жртвите од опсадата на Ленинград и војниците на Ленинградскиот фронт.

Почит искажа и рускиот претседател Владимир Путин. За време на неговата посета на меморијалниот комплекс, Путин положи цвеќе на масовната гробница каде што е погребан неговиот брат, кој починал како дете за време на опсадата. Оставајќи букет црвени рози, клекна и останал на гробот некое време, пренесуваат локалните медиуми.

Опсадата на Ленинград, која започна на 8 септември 1941 година, траеше речиси 900 дена, а беше пробиена на 18 јануари 1943 година, но граѓаните мораа да чекаат уште една година за да биде целосно укината на 27 јануари 1944 година.

За време на опсадата на Ленинград починаа најмалку 1.093.842 луѓе. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан