Русија: Жена и внук убиени во напад со украински дрон во Московскиот регион
- Жена и нејзиниот шестгодишен внук загинаа денеска во пожар предизвикан од напад со украински дрон во Московскиот регион, изјави регионалниот гувернер Андреј Воробјов.
Москва, 29 септември 2025 (МИА) - Жена и нејзиниот шестгодишен внук загинаа денеска во пожар предизвикан од напад со украински дрон во Московскиот регион, изјави регионалниот гувернер Андреј Воробјов.
Тој напиша на Телеграм дека системите за воздушна одбрана собориле четири дронови преку ноќ во Воскресенск и Коломна, два града во Московскиот регион.
Во Воскресенск, 76-годишна жена и нејзиниот шестгодишен внук загинаа во нападот, во пожар во нивната куќа предизвикан од дронот, изјави истиот извор.
Неколку други згради во градот имаа скршени прозорци, оштетени ѕидови и нарушено улично осветлување, рече Воробјов.
Украина редовно ја напаѓа Русија со дронови како одговор на масовните руски напади од почетокот на големата офанзива што ја започнаа руските трупи во февруари 2022 година.
Во саботата навечер, Русија лансираше 595 дронови и 48 ракети во Украина, според Киев, во напади во кои загинаа четири лица во украинскиот главен град и беа повредени повеќе од 80 низ целата земја. мс/
фото: МИА архива