• понеделник, 25 ноември 2024

Русија го проучува заробениот американски систем за наведување ракети АТАКМС

Русија го проучува заробениот американски систем за наведување ракети АТАКМС

Москва, 1 јули 2024 (МИА) - Руските вооружени сили заробија систем за наведување ракети со долг дострел АТАКМС од американско производство и ја проучуваат американската воена технологија што се користи во него, објавија британските медиуми, повикувајќи се на информации на руската државна новинска агенција РИА Новости, пренесе БТА.

На снимката објавена од РИА Новости се гледа анонимен руски експерт за оружје, кој носи маска со „балаклава“, кој вели дека го проучува системот за наведување на американската тактичка ракета АТАКМС, очигледно соборена од руските сили, наведува БТА.

Не може да потврди која компонента на оружје е во рацете на руската војска. На снимката се гледа како експертот покажува на етикетата на задната страна на системот за наведување ракети на Jeep, што покажува дека е од складиште на американската армија во Алабама. Тој објаснува дека заробениот хардвер и дава на Русија информации за тоа како се водат ракетите.

Вашингтон пред неколку месеци почна да го снабдува Киев со ракети АТАКМС со долг дострел, откако две години ги одбиваше барањата на Киев за такво оружје. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан