• среда, 31 јули 2024

Русија ги отфрли обвинувањата дека стои зад саботажата во Франција

Русија ги отфрли обвинувањата дека стои зад саботажата во Франција

Москва, 29 јули 2024 (МИА) - Кремљ денеска ги отфрли шпекулациите на западните медиуми дека Русија стои зад саботажата на објектите од критичната инфраструктура во Франција за време на Олимписките игри.

„Ова е само уште едно неосновано обвинување“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на денешната прес-конференција.

Според него, има многу неквалитетни медиуми, па дури и угледни, кои во последно време не бегаат од тоа да ја обвинат Русија за „буквално се што се случува“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан