Русија соопшти дека во текот на ноќта соборила 138 украински дрона
- Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската противвоздушна одбрана во текот на ноќта неутрализирала 138 украински беспилотни летала.
Москва, 19 март 2026 (МИА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската противвоздушна одбрана во текот на ноќта неутрализирала 138 украински беспилотни летала.
„Во текот на изминатата ноќ дежурните единици за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 138 украински беспилотни крилести дрона“, се наведува во соопштението на Министерството.
Најмногу, 40 од леталата, биле соборени над Краснодарскиот реон, а 35 над Кримскиот Полуостров. аб/јт
фото/МИА архива