• петок, 03 мај 2024

Русите го гранатираа Харков, Украинците го нападнаа Белгород

Русите го гранатираа Харков, Украинците го нападнаа Белгород

Киев/Москва, 7 април 2024 (МИА) - Шест лица загинаа, а 10 се ранети во рускиот напад на Харков, на североистокот на Украина, изјави градоначалникот на Харков, Ихор Терехов. Тој на „Телеграм“ напиша дека во нападот со дрон „Шахед“ се оштетени најмалку девет високи згради, голем број административни згради, продавници, бензинска пумпа, како и автомобили, објавија украинските медиуми. 

Руските сили вчераутро извршија ракетен напад врз Запорожје и во градот се слушнале најмалку две експлозии, напиша на „Телеграм“ Иван Федоров, началникот на областа Запорожје. На целата територија на Украина во текот на ноќта меѓу петокот и саботата е прогласена воздушна закана поради руски крстаречки ракети и беспилотни летала, пренесуваат украинските медиуми.

Украинските сили вчера го нападнаа Белгород. Во тоа гранатирање беа оштетени 12 станбени згради, а искршени се прозорците на детската клиника, изјави началникот на Белгородската област Вјачеслав Гладков. Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека десет украински ракети „RM-70 Vampire“ биле соборени од противвоздушни системи над Белгородската област.

Врховниот командант на вооружените сили на Украина Александар Сирски оцени дека ситуацијата на фронтот со руските сили е особено тешка во правците Бахмут и Авдејево.

Вооружените сили на Русија уништија странски противвоздушен ракетен систем во близина на аеродромот во Харков, изјави координаторот на илегалното движење Николаев, Сергеј Лебедев, повикувајќи се на своите колеги.

Тој додаде дека проруското нелегално движење во Одеса ја уништило разводната табла, која ја оставила украинската единица во селото Авангард без струја и производството на дронови за вооружените сили на Украина во Хлебодарски кај Одеса. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан