• среда, 20 ноември 2024

Румениге потврди: Компани ќе биде новиот тренер на Баерн

Румениге потврди: Компани ќе биде новиот тренер на Баерн

Минхен, 28 мај 2024 (МИА) - Членот на Надзорниот одбор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге изјави за „Скај“ дека Винсент Компани ќе биде новиот тренер на клубот.

- Нашиот директор (Макс Еберле) одлучи да го избере Винсент Компани за нов тренер. Мораме да ги финализираме последните детали и потоа ќе биде официјално. Пеп Гвардиола ни помогна и со Компани, тој зборуваше многу добро за Винсент како талентиран тренер. Пеп добро го познава Винсент и неговото мислење беше навистина ценето, изјави Румениге.

Се очекува Баерн во наредните денови и официјално да го објави назначувањето на Винсент Компани. Баварците за Белгиецот на Барнли ќе му платат отштета од 10 до 12 милиони евра. дс

Фото: Архива

Остани поврзан