• четврток, 04 јули 2024

Руди Џулијани остана без адвокатска дозвола

Руди Џулијани остана без адвокатска дозвола

Њујорк, 2 јули 2024 (МИА) - Адвокатот и поранешен градоначалник на Њујорк, Рудолф Руди Џулијани денеска ја загуби адвокатската лиценца откако државниот Апелациски суд утврди дека Џулијани лажел кога тврдел дека претседателските избори во 2020 година биле наместени, на кои неговиот клиент, републиканецот и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп, изгуби.

Судот утврди дека Џулијани, како личен адвокат на Трамп, „неосновано го нападнал и го поткопал интегритетот на американскиот изборен процес“, и со тоа, „активно придонел за националните конфликти што следеа по претседателските избори во 2020 година“.

Се додава дека Џулијани бил еден од водечките поборници на лажните тврдења дека поразот на Трамп на демократскиот претседателски кандидат Џозеф Бајден во 2020 година е резултат на широко распространета гласачка измама. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан