• петок, 20 декември 2024

Рохани: Иран внимателно ги следи САД, но никогаш не би почнал судир

Рохани: Иран внимателно ги следи САД, но никогаш не би почнал судир
Техеран, 25 април 2020 (МИА) – Иранскиот претседател Хасан Рoхани денеска изјави дека Техеран внимателно ги следи американските активности, но оти никогаш не би почнал судир во регионот. - Исламска Република Иран внимателно ги следи американските активности и движења, но никогаш не би почнала судир и тензии во регионот, изјаво Рохани во телефонскиот разовор со катарскиот шеик Тамим бин Хамад ал Тани. Претседателот на САД, Доналд Трамп во средата и даде овластувања на американската морнарица да отвори оган врз кој било ирански брод, кој би ја вознемирувал во Персиски Залив. Наредбата на Трапм уследи откако американската армија соопшти дека 11 пловни објекти на Револуционерната гарда се приближиле до американската морнарица и крајбрежната стража во Персиски Залив и тоа го оцени како „опасен и провокативен“ чекор. ми/  

Остани поврзан