• петок, 22 ноември 2024

Росел: Информациите за разрешувањето на Сетиен се лага

Росел: Информациите за разрешувањето на Сетиен се лага
Барселона, 30 јуни 2020 (МИА) - Поранешниот претседател на Барселона, Сандро Росел ги осуди шпекулациите за скорешно разрешување на тренерот на Каталонците Кике Сетиен. - Колку што знам, тоа не е така. Зошто да пишуваме за тоа, ако е лага? Зошто некои каталонски публикации ги пишуваат овие непотврдени информации? Излезе дека ние Каталонците сами си наштетуваме, пукаме во нога. Дури и ако некој од клубот изјави денес дека гласините за отказ на Сетен не се вистинити, никој нема да верува во тоа. Понекогаш за Каталонците, најлошото што може да му се случи е уште еден Каталонец. Го храниме нашиот непријател, изјави Росел. Претходно во медиумите имаше информација дека Сетиен би можел да биде отстранет од својата функција доколку загуби од Атлетико или Виљареал во следните две кола од шампионатот на Шпанија. зс/

Остани поврзан