• петок, 20 декември 2024

Роналд Куман примен во болница поради проблеми со срцето

Роналд Куман примен во болница поради проблеми со срцето
Амстердам, 3 мај 2020 (МИА) - Селектророт на Холандија, Роналд Куман беше примен во болница откако се пожалил на болки во градите. 57-годишниот стратег е во добра состојба, изјави неговиот агент. Тој бил однесен со брза помош во болница во Амстердам, каде што бил подложен на срцева катетеризација. Постапката се користи за дијагностицирање на кардиоваскуларни заболувања. Се очекува дека Куман ќе биде испишан утре. Во изјавите на менаџерската агенцијат се додава дека ќе му треба неколкудневен одмор.

Остани поврзан