• четврток, 04 јули 2024

Роналдо: „Сиу“ стана глобален феномен

Роналдо: „Сиу“ стана глобален феномен

Ријад, 14 јуни 2023 (МИА) - Напаѓачот на Ал Наср и Португалија, Кристијано Роналдо го објасни значењето на извикот „Сиу“ за време на неговата прослава на гол.

 

- Се чини дека стана глобален феномен - и ми се допаѓа кога гледам други играчи како го прават тоа, или ми испраќаат видеа од луѓе кои играат други спортови или деца кои ја повторуваат прославата на голот. Одлично е. „Сиу“ значи „Да!“, тоа е прилично едноставно, но со силна порака, изјави Роналдо за „FourFourTwo“

 

Роналдо се пресели во Ал Наср на крајот на декември 2022 година. Платата на 38-годишниот Португалец во саудискиот клуб е 200 милиони евра. Неговиот договор е до летото 2025 година.

 

Кристијано има 16 настапи за Ал-Наср во Премиер лигата на Саудиска Арабија, постигнувајќи 14 голови и две асистенции.

 

Претходно играше за Манчестер јунајтед, Јувентус, Реал Мадрид и Спортинг. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан