• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Роналдо загуби две финалиња во низа за прв пат во клупската кариера

Роналдо загуби две финалиња во низа за прв пат во клупската кариера
Торино, 18 јуни 2020 (МИА) - Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, беше дел од финалето на Купот на Италија против Наполи одиграно вчеравечер во Рим. Јувентус загуби на пенали со 2:4. Португалецот за прв пат во клупската кариера загуби две финале во низа. Во декември 2019 година, Роналдо како дел од Јувентус загуби од Лацио (1:3) во дуелот за италијанскиот Суперкуп. Јувентус и Роналдо веќе 2 години го немаат освоено Купот на Италија. Клубот без Роналдо го освојуваше трофејот во ова натпреварување четири години по ред. зс/

Остани поврзан