• понеделник, 23 декември 2024

Роналдо го повреди носот на мечот со Чешка

Роналдо го повреди носот на мечот со Чешка
Прага, 25 септември 2022 (МИА) - Кристијано Роналдо се здоби со скршеница на носот синоќа на натпреварот со Чешка во Прага. Португалецот во 14. минута од првото полувреме по еден воздушен дуел со домашниот голман Томаш Вацлик остана да лежи на теренот со раскрвавен нос. Португалските репрезентативните лекари успеаја да ја санираат повредата и играчот со фластер на носот го продолжи натпреварот и асистираше на Диего Жота при постигнувањето на конечните 4:0 за Португалија. -Одлична игра, важна победа за репрезентацијата. Остануваме фокусирани на нашата цел, пласман во плејофот на Лигата на нации. Благодарам на португалската јавност за фантастичната поддршка, изјави Роналдо. На едно коло пред крајот на групната фаза Португалија е лидер во втората група од А-дивизијата со 10 бодови, пред Шпанија која има 8. Швајцарија е трета со 6, Чешка има 4. зс/

Остани поврзан