• понеделник, 23 декември 2024

Ромни маршираше на протестот против расната дискриминација во Вашингтон

Ромни маршираше на протестот против расната дискриминација во Вашингтон
Вашингтон, 8 јуни 2020 (МИА) - Мит Ромни, републикански сенатор од Јута, вчера се појави на демонстрациите во Вашингтон против полициската бруталност и убиството на Афроамерикенцот Џорџ Флојд од Минесота.
Ромни е првиот републикански сенатор кој се појави на протестите и го поддржа движењето „Црните животи имаат важност“.
Сенаторот сподели твит фотографија како маршира со толпата со наслов Black Lives Matter. Тој укажа дека се потребни реформи и запирање на полициската бруталност. Како и претходно, Ромни се става наспроти политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, кој минатата недела имаше намера насилно да ги растера протестите во Вашингтон. кб/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан