• петок, 05 декември 2025

Ромеро прогласен за најдобар играч на финалето на Лига Европа

Ромеро прогласен за најдобар играч на финалето на Лига Европа

Билбао, 22 мај 2025 (МИА) – Одбранбениот фудбалер на Тотенхем, Кристијан Ромеро е прогласен за најдобар играч во финалето на Лига Европа против Манчестер јунајтед (1:0). 

Спарс го освоија својот прв трофеј од 2008 година и обезбедија пласман во Лигата на шампионите следната сезона, а ќе играат и со ПСЖ или Интер во Суперкупот на УЕФА.

Признание за Ромеро по натпреварот дојде и од противничкиот играч Алехандро Гарначо.

- Тој е најдобриот централен дефанзивец во светот, изјави Гарначо за „ESPN“.

Манчестер Јунајтед го загуби своето второ европско финале во низа. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан