Романски државјани на возраст од 19 години украле златен накит во Скопје
- На излез од трговскиот центар се фатени и лишени од слобода и кај нив се пронајдени 43 парчиња златен накит.
Скопје, 31 декември 2025 (МИА) - Лишени од слобода биле двајца романски државјани, фатени веднаш откако извршиле кражба во златарница, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
- Вчера во 12:10 часот во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје ги лишија од слобода В.Л.П.(19) И Ф.И.П.(19), двајцата од Романија, поради сомнение дека извршиле кражба во златарница во трговскиот центар, соопштија од МВР.
Како што се појаснува во објавата, тие влегле во златарницата и побарале да разгледаат златен накит, а откако била извадена футрола, со употреба на сила ја земале од вработената и побегнале.
- Набргу, по преземени мерки, на излез од трговскиот центар се фатени и лишени од слобода и кај нив се пронајдени 43 парчиња златен накит. Одземеното е вратено на сопственикот и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава, потенцираа од МВР. бд/дма/
Фото: „Фејсбук“ - страница на Министерство за внатрешни работи