• недела, 22 декември 2024

Романските граничари откриле 62 сириски мигранти на граничниот премин со Бугарија

Романските граничари откриле 62 сириски мигранти на граничниот премин со Бугарија

Букурешт, 16 мај 2024 (МИА) - Романската гранична полиција откри 62 сириски државјани скриени во полуприколка и во товарниот дел на камион на преминот Калафат кон Бугарија, соопшти денеска романскиот Генерален инспекторат на Граничната полиција.

Камионот, регистриран во Литванија, го управувал 33-годишен возач од оваа земја, а на релација Бугарија-Унгарија превезувал вреќи земја за цвеќе.

Во полуприколката биле скриени 33 лица, 31 маж и две жени од Сирија, а камионот наводно тргнал од Софија. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан