• недела, 22 декември 2024

Романската владејачка Социјалдемократска партија води на изборите

Романската владејачка Социјалдемократска партија води на изборите

Букурешт, 2 декември 2024 (МИА) – Романската владејачка Социјалдемократска партија на премиерот Марсело Чолаку води на парламентарните избори што се одржаа вчера со 23,9 отсто освоени гласови врз основа на околу 90 отсто од преброените гласачки ливчиња, соопшти Изборната комисија.

Екстремно десничарската опозициска Алијанса за обединување на Романците е на второ место со 17,9 отсто од гласовите.

Национал-либералната партија, која е партнер во владејачката коалиција, доби 14,6 отсто од гласовите, а опозициската Унија „Да ја спасиме Романија“ 11,1 отсто. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан